„Во демократијата се е можно, но само што потребни се бројки. Знаеме дека за мнозинство, покрај 61 глас во Собранието, треба да се има и бадентеровото мнозинство. Ќе почекаме да помине вториот круг“, вели аналитичарот Имер Селмани за случувањата во владеачката коалиција, потенцирајќи дека ако хипотетички зборуваме дека Касами може да ја напушти Владата или да му биде скратено учеството, од другата страна во НАИ имате најмалку тројца партнери.
-Зошто да не го поставиме прашањето: дали некој од таа страна можеби е подготвен да учествува во Владата со одреден број на пратеници? Рано е за прогнози и комбинации, нема јавно искажан став од ниту еден од лидерите на партиите, освен тоа што е во рамките на демократското однесување и напори за добивање на глас повеќе, констатира Селмани во анализа за „Локално“, по повиците за етничко гласање на вториот круг од изборите.