Шведската министерка за прашања на ЕУ и нордиска соработка, Џесика Розенкранц, денес изјави дека верува оти санкциите воведени против Русија ќе го принудат рускиот претседател Владимир Путин да преговара за крај на конфликтот во Украина.
„Досега не гледаме знаци дека Русија навистина сака да преговара за мир. Усвојувањето на 19-тиот пакет санкции против Русија и зајакнувањето на поддршката за Украина на крајот би можеле да го доведат Путин на преговарачка маса“, рече Розенкранц во изјава за „Маџар Немзет“.
Таа потсети дека усвоениот пакет санкции е насочен кон рускиот енергетски сектор и таканаречената „флота во сенка“, а како можен следен чекор, најави користење на замрзнатите руски средства.