Бауш ja поздравува идејата за заедничка економска интеграција на ЗБ: Компаниите како Пежо и другите кои се тргнаа од пазарот на Русија да се обидеме да ги привлечеме

„Од економски план, идејата е за поздравување. Истото го мислев и кога почна војната во Украина и кога многу странски инвестиции кои оперираа во Русија, заради санкциите се тргнаа од таму“, вели економскиот аналитичар Бауш за идејата на Марко Чадеж од Српската стопанска комора

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Фејсбук

Од економски план, идејата е за поздравување. Истото го мислев и кога почна војната во Украина и кога многу странски инвестиции кои оперираа во Русија, заради санкциите се тргнаа од таму. Дадов едно мислење дека балканските пазари, затоа што не можат поединечно, да направат еден вид на фузија на нивните економии, за да можат да ги привлечат странските инвестиции од Русија. Компаниите како Пежо и другите кои се тргнаа од пазарот на Русија, да се обидеме да ги привлечеме, вели економскиот аналитичар Абил Бауш за планот на Марко Чадеж, претседател на Српската стопанска комора за брзо создавање на единствен економски простор на Западен Балкан.

Според Бауш, идејата да се направи една добра и јака локална економија е еден вид на добар предзнак.

Сепак, во разговор за „Локално“, предупредува дека мора да се има едно на ум – да не се оди како со иницијативата „Отворен Балкан“.

Бауш: Потребно е создавање на единствен економски простор на Западен Балкан, но најголем проблем е инфраструктурата и поврзаноста