Зимската сезона 2025/26 започна викендов при што речиси сите аеродроми на територијата на поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година.
Сезоната ќе трае до 28 март, а Скопје и Белград се очекува да забележат најсилен раст во регионот, при што секој од нив ќе додаде повеќе од половина милион седишта.
Возобновениот Wizz Air е главниот двигател на проширувањето во двата града, зголемувајќи го капацитетот за 453.636 седишта во Скопје и 315.817 во Белград.
Аеродромот во Загреб го заокружува првото тројство, при што Croatia Airlines е главниот двигател на растот.
Целата информација на следниот линк!