Трета одлука неделава: РКЕ излезе со нови цени на горивата

Вчера беше донесена одлука за поскапување на дизелот за два денари

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за 1,760%, кај екстра лесното масло за 5,965%  и кај мазутот зголемувањето е за 3,830%.

Од 31.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  73,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             75,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            70,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                 36,057 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Ова е трета одлука на РКЕ во текот на оваа недела. Вчера беше донесена одлука според која дизелот поскапе за два денари.