Маж од Богданци почина од повреди по тепачка

Жител на Богданци починал од повреди по тепачка, уапсен 55-годишник од Сретеново

од Nikola Popovski
194 прегледи Фото: МВР/Архива

На 01.11.2025 во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.

Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и  Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.