Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња во битолско

Лишени од слобода девет лица во битолско кои организирале нелегални борби со кучиња, следува кривична пријава за „мачење животни“

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ Тв Канал 5

На 01.11.2025 во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња.

Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 233 од Кривичниот законик – „мачење животни“.