Герасимовски: Секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на Центар

Герасимовски го оствари своето право на глас и повика на достоинствен изборен ден

од Nikola Popovski
15 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата Елена го искористи своето право на глас во Дебар Маало. Тој, повика на фер и мирни избори, нагласувајќи дека секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на општината.

„Денеска, со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Ги повикувам сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, кој е темелот на демократските процеси. Верувам во фер, мирен и достоинствен изборен ден, во кој граѓаните на Центар ќе покажат висок степен на политичка култура и демократски капацитет”, порача Герасимовски.