Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати добиени од партискиот аналитички ценатр, водат во Скопје, Аеродром, Пробиштип, Кочани и Валандово.
Се додава дека Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред Амар Мециновиќ од Левица во Скопје. Според нивните информации, Ѓорѓиевски во моментов има 34734 гласови, додека Мециновиќ 16835 гласови.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат предност и во Аеродром, Пробиштип, Кoчани и Валандово.