Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ води пред Дехари од ДУИ во Кичево

Од досегашното броење, може да се забележи дека од 44% обработени гласови, Јовановски има 7556 гласови, додека противкандидатот од ДУИ и актуелен градоначалник, Фатмир Дехари има 5932 гласови

од Nikola Popovski
238 прегледи Фото: Фејсбук

Скопските Центар и Карпош, но и Кичево, Тетово и Стурга, како и Кочани, се дел од општините кои се посочуваа како интересни за следење и каде што гласачите на кандидатите кои не влегоа во втор круг би можеле да бидат пресудни за победа односно пресврт. Според податоците на ДИК, во Кичево во водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Од досегашното броење, може да се забележи дека од 44% обработени гласови, Јовановски има 7556 гласови, додека противкандидатот од ДУИ и актуелен градоначалник, Фатмир Дехари има 5932 гласови.

Од ДИК информираат дека обработката на записниците продолжува во текот на вечерта, а првичните неофицијални резултати за повеќето општини се очекува да бидат објавени по 22 часот.