За ниската излезност во општините Чаир и Сарај и дали коалицијата ВЛЕН го бојкотираше ВМРО-ДПМНЕ, членот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вели дека „не би влегол во проценка дали некој некого бојкотирал“.
-Мислам дека генерално трендот на локалните избори, секаде споредбено во развиените демократски земји е да има помала излезност. Факт е дека во некои оштини, излезноста беше и под просекот на другите општини во Градот Скопје, но тоа е предмет на анализа што ќе ја правиме по завршувањето на изборите. Да видиме каккво е позиционирањето и на коалициските партнери и понатаму меѓусебно да зборуваме како ќе се градат принципиелно нашите односи, рече Муцунски во изјава за медиумите.
Тој исто така информира дека Биљал Касами има предност во Тетово во трката за нов градоначалнички мандат.