Во Кочани води кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Владко Грозданов, пред Венко Крстевски, предложен од група граѓани.
Според партиски извори, од досега обработените гласови од 43 избирачки места, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Владко Грозданов има 5.740 гласа, а независниот Венко Крстевски 3.909.
Во Општина Кочани се гласаше на 63 избирачки места до 18,30 часот, а одѕивот беше 40,44 отсто од запишаните 32.503 граѓани со право на гласа.