Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, е во водство во трката за нов мандат во Општина Центар, со освоени 52,56% од гласовите, односно 8474 гласачи
Неговиот противкандидат Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има поддршка од 38,53%, или 6212 гласови.
Ваквите резултати се според преброени 76,20% од вкупниот број на гласови.