Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

Самитот за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција

од Vladimir Zorba
69 прегледи Фото: Официјанел Фејсбук профил на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, како што наведува Еуроњуз, „револуционерни разговори за иднината на европската интеграција“.

Покрај Мицкоски, на Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ и на еврокомесарката за проширување Марта Кос.