Мемов ретерира: Објавата за поддршката меѓу ВМРО и ВЛЕН е мое мислење и не е став на ЗНАМ

Вчера Мемов упати критики до коалицијата ВЛЕН со која се дел од владиното мнозинство

од Nikola Popovski
28 прегледи

Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов денеска ретерираше во однос на неговата вчерашна објава на социјалните мрежи за соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во пресрет на вториот круг од локалните избори.

-Вчерашната објава на мојот Фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции.

Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.

По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, стои во соопштението на Мемов.

Вчера Мемов упати критики до коалицијата ВЛЕН со која се дел од владиното мнозинство. Мемов, кој е и директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, смета дека ВЛЕН ја изиграле владејачката ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Скопје и не гласале за нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски. Според Мемов, тоа е голема грешка.

Мемов ги критикува ВЛЕН: Голема грешка е што го изиграа ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце

Слични содржини