Жените во политиката сè уште се гледаат низ призма на предрасуди. Промената мора да почне од воспитувањето и образованието. Да ги учиме децата од најрана возраст дека лидерството и одговорноста не се машки или женски квалитети, туку човечки вредности, вели за „Локално“ градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
Според Стаменкова, сеуште доминира впечатокот дека политиката е „машка професија“ и дека за такви функции треба „машка рака“.
–Институциите, пак, треба да создадат систем во кој жените ќе имаат реална можност и поддршка да учествуваат рамноправно во јавниот живот, појаснува Стаменкова.
Градоначалничката верува дека родовата еднаквост не се постигнува само со квоти – таа се гради со култура на почит и еднаква вредност.
Б.Т.