По вчерашниот молк по изборните резултати, попладнево се огласи од СДСМ со реакција на претходниот став на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата порачаа декаВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт.
Според СДСМ, „пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле“.
-Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата. За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат.
Државата е на колена – економски, финансиски и социјално, и за жал, овој тренд ќе продолжи. Освен партиски прес-конференции со напади врз СДСМ, не можат да испорачаат ништо друго, сметаат од „Бихаќка“,
СДСМ тврди дека „ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да можат да се надеваат на поддршката со која дојдоа на власт“и „очекуваат таа продолжи да паѓа“.
-СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа. Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна. По изборите следи јасен патоказ напред за СДСМ: потребни се промени на политичко и кадровско ниво кои ќе донесат раст и зајакнување, стои во партискиот став од таборот на Венко Филипче