Единаесет лица починаа од пожарот што избувна синоќа во градот Тузла, источна Босна и Херцеговина, објавува босанското издание „Кликс“.
Пријавени се вкупно 35 жртви, кои моментално се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Пожарот избувна синоќа на седмиот кат од дом за стари лица. Според информациите на „Кликс“, починатите биле жители на домот. Станува збор за имобилизирани постари лица кои биле во релативно лоша здравствена состојба.
Меѓу жртвите во пожарот се жители и вработени во домот, како и полицајци, пожарникари и медицински персонал.
Се очекува идентификација и обдукција на телата на починатите. Истражен тим е на лице место, а истрагата ќе се спроведе кога ќе се создадат услови, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други детали релевантни за истрагата.