Ибрахими го предизвикува Ахмети: „Ќе одиме на предвремени парламентарни избори кога сакате“

Постои можност за предвремени парламентарни избори, но нема причина - порачал Ибрахими

од Nikola Popovski
23 прегледи

Лидерот на Алтернатива и еден од лидерите на ВЛЕН, Зеќирија Ибрахими синоќа зборувал за најновите политички настани, особено за неодамнешните локални избори и победата на ВЛЕН во повеќето општини со мнозинство албанско население.

Ибрахими го предизвикал лидерот на ДУИ Али Ахмети, нагласувајќи дека кога сака тој, двата главни табори од албанскиот политички блок може да се судрат на предвремени парламентарни избори.

„Подготвени сме повторно да одиме на предвремени парламентарни избори кога сака г-динот Ахмети. Апсолутно, кога ќе се создадат услови, ќе се согласиме да одиме на предвремени избори и уште еднаш да го убедиме г-дин Ахмети дека е губитник. Постои можност, но нема причина. Бидејќи мнозинството е стабилно и бидејќи локалната самоуправа е освоена. Сепак, имаме многу работа и не вреди повторно да се одржи изборна трка само за да се докаже кој е помоќен“, изјавил Ибрахими во дебатна емисија.