Европа веќе е најголемиот пазар за американски течен природен гас

Високи претставници на американската влада ги повикаа европските партнери да ги забрзаат своите напори за ставање крај на зависноста од рускиот гас преку проширување на регионалните цевководни мрежи и зголемување на увозот на американски течен природен гас.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ДВ

Европа веќе е најголемиот пазар за американски течен природен гас и фокусот се префрла на таканаречениот Вертикален коридор – нова гасна рута север-југ што ги поврзува Грција, Бугарија, Романија и Украина. Извозните терминали во близина на Атина и во северна Грција ќе играат клучна улога во системот, стана јасно на конференцијата во Атина.

Високи претставници на американската влада ги повикаа европските партнери да ги забрзаат своите напори за ставање крај на зависноста од рускиот гас преку проширување на регионалните цевководни мрежи и зголемување на увозот на американски течен природен гас.

На конференцијата во Атина, американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека грчко-американската соработка за трансфер на течен природен гас се продлабочува. Грчките компании поседуваат 25% од бродовите и танкерите во светот. Американската страна предлага проширување на соработката, при што грчките танкери ќе преземат поголем дел од извозот на течен гас. Ова остро ќе ја намали можноста за транспорт на руски гас од страна на грчки танкери.

Поголема количина природен гас наменет за балканските земји, ќе поминува низ Грција.

Американската компанија „Ексон Мобил“ потпиша договор за истражување на наоѓалишта на природен гас во Јонското Море, со што се проширува присуството на САД во Источниот Медитеран.

Грчкиот министер за економија Киријакос Перакакис нагласи дека енергетската соработка со американските компании води кон зголемување на инвестициите на Балканот.

„Имаме огромна можност да го истиснеме рускиот гас од Западна Европа“, изјави американскиот министер за енергетика Крис Рајт во Атина.