Новиот градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашната акција за чистење, денеска најави и нови дополнителни приватни автобуси. Како што вели, тие ќе бидат ставени во функција за да се решат проблемите со нефункционалните линии и гужвите во јавниот превоз.
Според новата градска локална власт, 55 автобуси од понеделник ќе бидат во функција и уште 20 автобуси до Нова година.
Ѓорѓиевски тврди дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Како што најави и Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, имаат еколошки автобуси, а се надева дека ќе се смени возниот ред, за автобусите да пристигнуваат на време, како што пишува на таблите. Тој ветува еколошки, чисти и климатизирани автобуси.