ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се дистанцира од Филипче и Заев

„Македонија има потреба од силна опозиција, надвор од периметарот на Филипче и Заев“, порачаа од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Нереформираната СДС предводена од Филипче во сенката на Заев, доживеа историски дебакл на овие избори. Владеењeто на Филипче и Заев со СДС, ја доведе партијата до колапс, а за тоа сведочи и исходот од овие локални избори на кои СДС освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници. Истовремено ги изгуби и своите некогашни бастиони, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се дури СДС е управувана од дуото Филипче-Заев, партијата е далеку од било каква можност за прогрес, консолидација и реформација.

За СДС, неопходен е прекинот на папочната врвца со Филипче и Заев, ако сака политички да преживее.

Доколку СДС сака да го продолжи својот политички опстанок, Филипче треба да си поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Македонија има потреба од силна опозиција, надвор од периметарот на Филипче и Заев“, порачаа од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.