„Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните“, вели денеска на прес Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство.
Цените продолжуваат неконтролирано да растат. За 2,8% се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3%“, истакна таа.