Изминатиот викенд 1466 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 14 лица

Лишени од слобода биле 14 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, двајца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, еден за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Локално

За време на изминатиот викенд (08/09.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1466 издадени платни налози, 786 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 14 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, двајца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, еден за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 174 прекршоци за неправилно паркирање, 132 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 91 санкција за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 60 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност.