Општина Центар ќе отстранува 10 диво поставени објекти на влезот на Старата скопска чаршија

При контролата било утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Општина Центар

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори” и на влезот на Старата скопска чаршија.

При контролата било утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена.

Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.

„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,” посочи Герасимовски.

Слични содржини