Снопче: Национално предавство е кога некој им служи на интересите на ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ има планови, но служењето на нив е национално предавство“, смета пратеникот Снопче од редовите на Алијанса на Албанците

од Nikola Popovski
62 прегледи Фото: Фејсбук

Пратеникот од редовите на едното од трите крила на Алијансата за Албанците, Халил Снопче смета дека е „национално предавство кога некој им служи на интересите на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Разбирливо е дека ВМРО и нејзиниот лидер имаат планови, но национално предавство е да им се служи на овие планови. Затоа им велам дека не погрешивме што ја напуштивме Владата“, истакнал Снопче.

Тој, исто така, ги критикувал дел од лидерите на ВЛЕН, нагласувајќи дека тие порано барале редефинирање на државата, но помеѓу двата круга почнале да користат термини дека етичката припадност е поважна од етничката припадност.

„Замислете, вакви изјави доаѓаа од лидерите на ВЛЕН“, додал Снопче.

Во емисијата „Дебата на Шења“, пратеникот изјавил дека неговата партија, предводена од Арбен Таравари, историски дејствувала од опозицијата.

„Алијансата за Албанците историски, во најголем дел, била партија која дејствувала од опозицијата. Историски гледано, ние сме биле најголемиот критичар на минатите влади и стожерот на албанскиот опозиционизам. Никој не може да го негира ова“, потенцирал Снопче.