Арсовска се бори со демони, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: „Колку поблиску до правдата, толку повеќе Арсовска ќе биде бучна и нервозна“

од Nikola Popovski
47 прегледи Фото: Фејсбук

„Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе биде бучна и нервозна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за денешниот став на поранешната градоначалничка на Скопје упатен кон нејзиниот наследник на позицијата, Орце Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ ѝ посакува на Арсовска, како што велат, да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки.

-Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира. Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска, стои во партиското соопштение.

Арсовска не остана должна по изјавата на актуелниот градоначалник дека градот должи над 300 милиони евра, а околу 500 лица земале плата без да одат на работа. Поранешната градоначалничка го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави сите фирми со долгови, по институција, со фактури и датуми – „за да знае народот кој лаже“. Дополнително, побара да се објави и списокот на сите 400 вработени, со име и презиме, и податок од кога не оделе на работа.

Арсовска за Ѓорѓиевски: „Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот“