Георгиевски: Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема изградено никаков инфраструктурен проект кон Македонија

Екс-премиерот Георгиевски упатува пофалби кон Албанија поради напредокот во инфраструктурата на земјата

од Nikola Popovski
39 прегледи Фотографија: Фејсбук страница на Љубчо Георгиевски

Екс-премиерот и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски упатува пофалби кон Албанија поради напредокот во инфраструктурата на земјата. Смета дека нашиот западен сосед има голем економски развој во последните години и, од друга страна, има забелешка на Бугарија во однос на инфраструктурата и поврзувањето со Македонија.

„Автопатот Блаце-Приштина-Тирана веќе неколку пати го имам поминато но пред некој ден специјално отидов да го поминам автопатот Тирана-Ќафасан кој напредува со невидена брзина и експресниот пат Тирана-Дебар кој посебно ме воодушеви со живописниот предел низ кој минува но и самата изграба со многу тунели и мостови. Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десетина години.

Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема никаков инфраструктурен проект изградено према Македонија“, стои во објавата на Георгиевски на социјалните мрежи.