Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека Скопје годинава ќе биде украсено, а ќе се организира и новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола.
-Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогодишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски во вчерашното гостување на МРТВ.
За повикот од јавниот обвинител Љупчо Коцевски да пријава доколку има индиции за злоупотреби во Град Скопје, Ѓорѓиевски рече дека веќе имале средба со претставници на Финансиската полиција и додаде дека во интерес на истрагата не може да даде повеќе информации.
Градоначалникот најави дека од денеска после 16 часот ќе бидат именувани неколку директори на дел од јавните градски претрпријатија.