Навивачи на Силекс ќе бидат гонети поради навредливи пораки на мечот против Шкупи

Шестмина навивачи на фудбалскиот клуб Силекс ќе добијат прекршочни пријави поради националистичко скандирање

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: ФК Силекс

Шестмина навивачи на фудбалскиот клуб Силекс ќе добијат прекршочни пријави поради националистичко скандирање.

-На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово  и ФК „Шкупи“  од  Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, информираат од МВР.

Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.