63-годишен маж кој живее на малиот грчки остров Донуса во Егејското Море е казнет со повеќе од 1,7 милиони евра за наводна суровост кон животни, соопштија грчките власти во вторникот, цитирани од онлајн изданието на грчкиот весник Катимерини.
Мажот држел 58 мачки заклучени и неухранети, соопшти полицијата во Наксос и Малите Киклади. Тој беше уапсен по жалби и обвинет за сериозно кривично дело според грчките закони за заштита на животните.
Се очекува вкупната казна да надмине 1,74 милиони, бидејќи властите сè уште истражуваат дополнителни прекршувања, како што е недостатокот на микрочипови и здравствени картони кај мачките.
Осомничениот е однесен во Обвинителството на Наксос.