Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДСМ затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски смета дека „Филипче е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДСМ до ниво на статистичка грешка“

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со прес-конференциите насочени против СДСМ и нивното раководство. На денешната последна, тврдат дека партијата од „Бихаќка“ „е во тежок политички „нокдаун, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на лидерот Венко Филипче“.

-Информации кои од Бихачка стигнаа до нас велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДС, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар?

Дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДС, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДС, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија, рече Валентин Манасиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски смета дека „Филипче по се изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДСМ до ниво на статистичка грешка“.

Лидерот на СДСМ најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

-Очигледно е дека е потребно, особено во тие општини каде не го постигнавме посакуваниот резултат. Во тој контекст, најавувам политичко-кадровски промени во раководството по изборите, за што ќе бидете известени, кажа неодамна Филипче.