Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера изјави дека Пензискиот фонд ќе биде неодржлив за три години, критикувајќи ја актуелната Влада за лошо управување.
„При одобрувањето на одлуката за линеарно зголемување на пензиите, во Собранието нагласив дека буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) ќе се зголеми од 31 процент на 48 проценти. После тоа не можете да кажете дека „ништо нема да се случува во државата“, изјавил Битиќи во емисијата „Вин вин“.
Тој рече дека наместо хармонизација, се зголемуваат пензиите, со што се оштетува фондот.
„На пензионерите, младите, на сите генерации мора да им се каже дека начинот на кој се прави ова линеарно зголемување – наместо хармонизација според предвидената методологија, која на крајот на денот би им донела повеќе пари на самите пензионери, а не еднакво зголемување за сите – има цена. Цената е оваа: за три години, пензискиот фонд ќе стане неодржлив“, нагласил Битиќи.
Тој исто така го оцени негативно штотуку скроениот Предлог-буџет на Владата нарекувајки го октроиран.
„Овој буџет и тоа како е различен од сите претходни буџети, независно дали ги носела ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, поради две причини – прво, тоа е прв буџет во историјата што се носи на октроиран, односно наметнат начин, и второ, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции за 15 отсто“, изјави Битиќи.