Полицаец се ранил додека го проверувал пиштолот

Немилиот настан се случил во Полициската станица за граничен премин „Меџитлија“

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: МВР

Полицаец си пукал во рака додека го проверувал своето лично оружје, стои во најновиот полициски билтен.

-На 13.11.2025 во 14:05 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, додека го проверувал своето лично оружје, полициски службеник случајно испукал еден куршум и се здобил со повреда на рака, информираат од МВР.

Известени се јавен обвинител, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини