САД и Швајцарија постигнаа трговски договор за намалување на царините на 15 проценти

Во соопштението од владата во Берн, на платформата X, се додава дека, како дел од договорот, швајцарските компании ќе инвестираат околу 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година, објави CNBC.

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Соединетите Американски Држави и Швајцарија постигнаа трговски договор, изјави денес американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, а швајцарската влада објави дека американските царини ќе бидат намалени на 15 проценти.

Во соопштението од владата во Берн, на платформата X, се додава дека, како дел од договорот, швајцарските компании ќе инвестираат околу 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година, објави CNBC.

Со ова се завршени преговорите за намалување на американските царини за швајцарски стоки од 39 на 15 проценти, царина што Вашингтон веќе ја применува во трговијата со земјите од Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја.