Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: МВР

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Утринава во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.Ѓ.(41) од од овој град. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.

Како што додадоа оттаму, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.