Јанков: Скопјани ќе платат 40 милиони денари, дури и да нема снег

Според советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Андреа Јанков се предвидува плаќање и кога нема снег, што значи дека буџетот може да се троши и за неактивност и тоа 40 милиони денари

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин

Левица реагира дека за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2025 и 2026 година се крие ставка каде се користи измислен параметар „4,8 ефективни часа“, кој го нема во ниту еден технички стандард за механизација во мирување и готовност. Според советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Андреа Јанков се предвидува плаќање и кога нема снег, што значи дека буџетот може да се троши и за неактивност и тоа 40 милиони денари.

Според него, механизацијата е драматично недоволна, како и количината на предвидена сол, која нема да стигне ни до пола зима.

-Предвидениот ангажман на приватни фирми е опишан без имиња, без цени и без обврски. Не се нуди оперативна програма, туку декларативен текст кој не гарантира безбедност за граѓаните, посочи советникот.

Партијата информира дека советничката група на Левица гласаше против оваа, како што ја велат, нелогична и паушална Програма.