Експлозија што претставува чин на саботажа ја уништи железничката линија Варшава-Лублин во неделата, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.
„На линијата Варшава-Лублин (село Мика) се случи чин на саботажа. Експлозијата на експлозивна направа ја уништи железничката линија“, напиша Туск на X, пренесува агенцијата ПАП.
Во недела наутро, машиновозач пријавил неправилности на железничката инфраструктура во областа Жичина по телефон, а според полицијата во таа област, прелиминарниот преглед на пругата открил штета на еден дел, предизвикана од експлозија.