Разбојништво во Скопје – го претепале пред трговски центар и му одзеле 8000 денари

На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Делото го извршил заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач.

Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 денари. Го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 43-годишник.