Тачи најавува дека ДПА ќе делува опозициски, но е подготвен за поддршка на ВЛЕН во одредени моменти

„Патот на ДПА е опозициски, но сме подготвени да разговараме и во одредени моменти, да ја поддржиме ВЛЕН во нивните барања“, порачал Тачи

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Фејсбук

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи негирал дека неговата парија ќе стане дел од Владата, нагласувајќи дека патот на оваа партија отсега па натаму ќе биде опозициски. Сепак, тој додал дека неговата партија ќе ги одржува линиите на конструктивна комуникација со Владата, за да ја поддржува во одредени моменти.

„Патот на ДПА е опозициски, но секогаш одржувајќи ја линијата на конструктивна комуникација со Владата. Кога зборував тој ден, не зборував за премиерот, туку ниту за ВЛЕН. Ние сме подготвени да разговараме и, во одредени моменти, да ја поддржиме ВЛЕН во нивните барања“, изјавил Тачи во интервју за „Лајм Тв“.

Лидерот на ДПА истакнал и дека партијата се опоравува и не ја исклучува можноста да се натпреварува со ВЛЕН за мандатот за учество во Владата на претстојните избори.

„Нашиот опозициски пат на ДПА значи брзо закрепнување на нашата партија, која долго време беше оштетена, а потоа, кога ќе бидеме подготвени, ќе се натпреваруваме на следните избори, мислам со ВЛЕН, за да видиме кој ќе го добие мандатот да биде дел од владата“, истакнал, меѓу другото, Тачи.