Јермак: Во постојан контакт сум со американската администрација, работиме за прекин на руската агресија

„Заедно со американските партнери, работиме на прекин на руската агресија и постигнување праведен и одржлив мир“, рече Јермак, објави украинскиот јавен сервис „Суспилне“.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутју/Принтскрин

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, денес изјави дека сите планирани активности на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Турција се одвиваат според распоредот и во работна атмосфера, додавајќи дека е во контакт со Соединетите Американски Држави.

„Во постојан контакт сум со претставници на администрацијата на (американскиот претседател) Доналд Трамп, вклучувајќи го и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф. Заедно со американските партнери, работиме за прекин на руската агресија и постигнување праведен и одржлив мир“, рече Јермак, објави украинскиот јавен сервис „Суспилне“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во посета на Турција, а како што е најавено, за време на посетата Зеленски ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.