Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на државата, порача Муцунски по средбата во Брисел

Муцунски-Кос: Ја потврдивме нашата посветеност на европската интеграција

од Nikola Popovski
15 прегледи

Министерот за надворешни работи и трговија ја потврди „силната посветеност на европскиот интегративен пат на земјата“ за време на средбата со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос. Tимчо Муцунски е во Брисел каде учествуваше на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската комисија.

На својот Фејсбук профил, Муцунски напиша дека на средбата се разговарало за реформските процеси, посветеноста на северномакедонската влада и усвојувањето на законите што се составен дел од овој процес.

„Фокусот беше ставен и на справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, напиша Муцунски.

Според него, Марта Кос изразила поддршка за европскиот пат на Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата во Брисел е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.