Калас: Мир во Украина може да се постигне само со учество на Европејците и Украинците

Мир во Украина може да се постигне само со учество на Европејците и Украинците, изјави денес Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, како одговор на извештајот за новиот мировен план за кој се залагаат САД.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Фејсбук/Каја Калас

Мир во Украина може да се постигне само со учество на Европејците и Украинците, изјави денес Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, како одговор на извештајот за новиот мировен план за кој се залагаат САД.

„За да функционира планот, Украинците и Европејците мора да бидат вклучени, тоа е многу јасно“, рече Калас кога беше прашана за планот, кој бара Киев да се согласи да се откаже од територијата и да ја намали својата војска.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро по пристигнувањето на состанокот во Брисел изјави дека мирот не може да значи капитулација.

„Украинците секогаш ќе отфрлаат каква било форма на капитулација“, нагласи Баро, додавајќи дека Европејците се залагаат за принципот на „праведен и траен“ мир.

„Сакаме траен мир со потребните гаранции за да се спречи каква било понатамошна агресија од Русија на Владимир Путин“, рече францускиот министер за надворешни работи.

Новиот американски план, според изјавa за АФП na неименуван висок украински функционер, се чини дека ги вклучува максималистичките услови претходно поставени од Русија – барања што украинските власти ги осудија како капитулација.