Таксист од Скопје допирал патничка и почнал да ја бакнува

Србинка пријавила скопски таксист за допирање по телото и бакнување

од Nikola Popovski
26 прегледи

 Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување. Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека таа го пријавила случајот доцна синоќа.

– Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје, пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на Гази Баба, такси возачот ја допирал по телото и ја бакнал, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини