Клиника „Жан Митрев“: Со секоја операција што ја правиме кон осигурениците на Фондот, имаме загуба од 3517 евра во просек и тоа мора да го дополнуваме со средства од приватни пациенти

Клиника „Жан Митрев“ бара да дојдат од  надлежните финансови институции и да утврдат дали е можно да се прави „бизнис“, како што некои тврдат, со овие цени кои се од Фондот за здравствено осигурување

од Nikola Popovski
48 прегледи

Со секоја операција што ја правиме кон осигурениците на Фондот, клиниката Жан Митрев прави загуба од 3.517 Евра во просек и тоа мора да го дополнува со средства, кои ги остварува од приватни пациенти. Оттаму велат дека загубата што ја прават со работата од Фондот за здравствено осигурување само за минатата 2024 година е повеќе од 4 милиони евра. 

-Тоа значи, дека само минатата година, од она што сме го заработиле од приватни пациенти за услуги, кои не се под ФЗОМ, сме го субвенционирале Фондот со 4 милиони евра, за да ги исполниме обврските, кои сме ги преземале со договорот и да не ги оставиме пациентите непомогнати во животно загрозувачката состојба во која се наоѓале, истакнуваат од Клиниката.

Клиника „Жан Митрев“ бара да дојдат од  надлежните финансови институции и да утврдат дали е можно да се прави „бизнис“, како што некои тврдат, со овие цени кои се од Фондот за здравствено осигурување. 

Обвинителството, пред неколку дена пред Судот изведе податоци за обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ за периодот 2018 до 2021 година, како и известувања од веб страници на владини тела, институции и медиуми, за владини мерки носени во време на Ковид-19 и информации за хемофилтрацијата.

Според јавната обвинителка, Искра Хаџи Василева, од изведените докази се гледа дека единствен сопственик и управител е првообвинетиот Жан Митрев, нагласувајќи дека Клиниката во 2018 година остварила нето добивка од 95 милиони денари, 249 милиони денари во 2019, 499 милиони денари во 2020 и 567 милиони денари во 2021 година.

Пред Судот беа изведени и извадоци од известувања од институции и објави од медиуми, меѓу кои и за одлука на Влада дека во лекувањето се вклучени и приватните болници и оти цените ќе ги регулира државата, како и објави од Клиниката Жан Митрев за пакети за лекување со намалени цени на Ковид-19.

Судијката Лидија Петровска, информираше дека Судот останува на одлуката од 2024 година, за предложениот доказ од ЈО – Извештај од извршен надзор над стручната работа на Клиниката „Жан Митрев“ за лекување со примена на хемотерапија, да одлучува по изведување на доказите од листата на докази.

Слични содржини