Кинеската амбасада со остра реакција кон Милошоски: Тајван е дел од Кина, во кој правец потпретседателот на Собранието сака да ги насочи билатералните односи?

Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија остро реагираше на средбата на потпретседателот на Собранието и пратеник, Антонио Милошоски, со делегација на „Претставништво на Тајпеј во Италија“, што се одржала во зградата на македонското Собрание

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Собрание

Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија остро реагираше на средбата на потпретседателот на Собранието и пратеник, Антонио Милошоски, со делегација на т.н. „Претставништво на Тајпеј во Италија“, средба што се одржала во зградата на македонското Собрание. Според Амбасадата, овој тежок, како што велат, погрешен чин го крши принципот „Една Кина“, политичка обврска што Македонија ја презеде при воспоставувањето дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи.

Исто така, велат оттаму, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија го изразува своето силно незадоволство и категорично противење.

-Тајван е дел од Кина. Тоае историја и реалност. Оваа година се одбележува 80-годишнината од враќањето на Тајван. Пред осум децении, победата на Кинеската Народна Војна на отпорот против јапонската агресија го врати Тајван под суверена јурисдикција на Кина. Каирската декларација и Потсдамската прокламација, и двете објавени од страна на главните победнички нации во Втората светска војна, го потврдија суверенитетот на Кина над Тајван, што претставува составен дел од повоениот меѓународен поредок. Резолуцијата 2758 беше усвоена подоцна во 1971 година од страна на Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство, одлучувајќи да ги врати сите законски права на Народна Република Кина во ОН. Тоа го реши прашањето за претставувањето на Кина во целост, вклучително и Тајван, во ОН, еднаш засекогаш. Единствената референца за регионот Тајван во ОН е „Тајван, провинција на Кина“. Тајван никогаш не бил држава, ниту во минатото, ниту во никој случајќе биде во иднина, порачаа од Амбасадата.

Од Амбасадата додаваат дека принципот „една Кина“ одамна стана универзално признат консензус на меѓународната заедница.

-Билатералните политички обврски и меѓународните обврски мора искрено и во целост да се почитуваат. Откако долго време беше министер за надворешни работи и претседаваше со Комисијата за надворешна политика, потпретседателот на Собранието Милошоски требаше да биде апсолутно свесен за исклучителната важност и чувствителност на прашањето за Тајван, целосно почитувајќи го суверенитетот на која било друга држава и почитувајќи го меѓународното право. Сепак, она што неодамна го видовме е несфатливо - инсистираната посета на Тајван во официјален капацитет, игнорирајќи гипостојаните силни приговори на Кинаминатата година, и овој пат средбата со таканаречените претставници на  тајванските власти во зградата на Собранието, национално законодавно тело – обезбедува платформа за политичка театралност на сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“. Имаме доволно причини да се запрашаме во кој правец потпретседателот на Собранието има намера да ги насочи нашите билатерални односи, прашуваат од кинеското дипломатско претставништво во Македонија.

За Милошоски велат дека „господинот потпретседател често се фали дека е избран претставник, тврдејќи дека ја претставува волјата на македонскиот народ“.

-Тогаш Ве молам внимателно слушајте го гласот на народот. Дали грубото кршење на политичките ветувањаи договорните обврски е во корист во заштита на меѓународниот имиџ на Северна Македонија? Дали последиците од отвореното поткопување на основните интереси, територијалниот интегритет и националното достоинство на голема сила – додека се повредуваат чувствата на над 1,4 милијарди на пријателски кинески народ – се темелно проценети? Дали напуштањето на огромен пазар, идните можности за развој и ветувачките перспективи за соработка - овојкратковид чин на „штеди на ситно, губи на крупно“ – е навистина во согласност со фундаменталните и долгорочни интереси на македонскиот народ, прашуваат од Кинеската амбасада.

Собранието завчера официјално извести за средбата и за неа објави и на социјалните мрежи. Денес, по реакцијата од Кинеската амбасада, објавата на сајтот на Собранието беше недостапна, односно линкот водеше кон празна страница.

Покрај Милошоски, дел од средбата биле и пратениците Фатмир Битиќи и Рашела Мизрахи.