Скопјанка завршила во болница откако била повредена на концерт

Инцидент на концерт во Скопје - решетка од вентилација паднала врз жена

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: Принтскрин/ТВ 21

Скопјанка од концерт завршила во болница откако врз неа паднала решетка од вентилација од таван.

На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.