Европа мора да го ослободи потенцијалот на својот внатрешен пазар, изјави денес претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
На 35-от Европски банкарски конгрес во Франкфурт, Лагард истакна дека Европската Унија денес е ранлива поради отвореноста на нејзината економија и предупреди дека надворешната трговија и извозот повеќе не се двигател на растот.
Зависноста од американските пазари доведе до стагнација на продуктивноста и зголемена зависност од другите, а Европа има проблеми и поради зависноста од клучните суровини и технологии од Кина, додаде претседателката на Европската централна банка.