Европската комисија (ЕК) објави дека ќе поднесе тужби до Судот на правдата на ЕУ против Бугарија, Литванија, Португалија и Шведска поради неисполнување на нивните обврски за намалување на емисиите на неколку клучни загадувачи на воздухот.
ЕК наведува дека Бугарија, Португалија и Шведска не ги исполниле своите обврски за намалување на емисиите на амонијак, а Литванија на азотни оксиди и неметански испарливи органски соединенија, објавува бугарскиот весник „Новините“.
ЕК заклучи дека напорите што ги вложиле локалните власти досега биле недоволни и одлучи да го упати случајот до Судот на правдата на Европската Унија.