Арсовска го прашува Абази: Дали конечно ќе ги спречите криминалните активности во Чаир?

„Доставив илјадници страни непобитни докази за криминалот и за фалсификатите со кои лица на 5 годишна возраст граделе со пари од нелегални извори и станале милионери“, потсети екс-градоначалничката Арсовска

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин

Екс-градоначалничката на Скопје, Данела Арсовски упати прашање до првиот човек на ОЈО за организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Таа праша дали конечно согласно закон, „ќе се преземат конкретни чекори за заштита на граѓаните и спречување на криминалните активности кои продолжуваат во Чаир?“.

Арсовска потсетува дека веќе доставла илјадници страни непобитни докази за криминалот и за фалсификатите со кои лица на 5 годишна возраст граделе со пари од нелегални извори и станале милионери.

-Над 1500 семејства живеат во опасни небезбедни згради градени без дозволи, без проекти и кои не ги исполнуваат ни основните стандарди. Огромен е потенцијалот за нова трагедија при природна непогода или посилен земјотрес. Време е да покажете дека стоите на страната на законот и дека безбедноста на луѓето ви е важна. Во спротивно за секоја човечка и материјална штета ќе бидете лично одговорни, бидејќи молчите и ги штитите овие од власта, иако имате непобитни докази дека се криминогени, стои во објавата на екс-градоначалничката.

Арсовска во објавата сподели фотографија од вест со наслов: „Мапа што вознемирува: Македонија во „црвената зона“ на ризик од земјотрес“.